Совети при работењето
- За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието.
Целната табла за ласерот (19) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (19) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (6) на навојот на стативот (21) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (9). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наоѓање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (23). При работење со ласерски приемник вклучете го режимот на приемник види Режим на приемник.
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.