Работење со ротирачка платформа
Со помош на ротирачката платформа (16) можете да го вртите мерниот уред за 360° околу централната и секогаш видливата точка на вертикалата. Со тоа точно се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (13) на шината-водилка (17) на ротирачката платформа (16) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротирачката платформа.
За израмнување на ротирачката платформа во висина вртете ја завртката за фиксирање (14) на една од телескопските ногарки и извлечете ја. Блокирајте ја телескопската ногарка со завртување на завртката за фиксирање. Повторете ја постапката за другите две телескопски ногарки.
Ако мерниот уред е монтиран на ротирачката платформа (16) тогаш можете точно да ги израмните вертикалните ласерски линии на референтните точки со завртка за фино подесување (15).