Всисување на суви материјали

Напомена: проверете дали при всисување на суви материи е вметнат пред-филтерот (22) како и главниот филтер (20) во всисувачот.

Всисување наталожена прав

  • За да го вклучите всисувачот прекинувачот за избирање на режим на работа (1) поставете го на ознаката „Всисување“.

  • За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (1) на ознаката „Исклучување“.

Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика I)

Во всисувачот има вградено шуко приклучница (2). Таму може да приклучите надворешен електричен апарат. Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на електричниот алат што се приклучува.

  • Монтирајте го адаптерот за всисување (16).
  • Вметнете го адаптерот за всисување (16) во млазниците за всисување на електричниот алат.

Напомена: при работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за непотребен воздух (33) на адаптерот за всисување (16). Само на тој начин полуавтоматското чистење на филтерот може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (33) додека не се појави максимален отвор.

  • За приклучување на Старт/Стоп-автоматиката на всисувачот, поставете го прекинувачот за избор на режим на работа (1) на ознаката „Старт/Стоп-автоматика“.

  • За ставање во употреба на всисувачот приклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (2). Всисувачот автоматски почува со работа.
  • Исклучете го електричниот алат, за всисувањето да заврши.
    Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп-автоматиката продолжува да работи уште 6 секунди, за да ја всиса останатата прав од цревото за всисување.
  • За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (1) на ознаката „Исклучување“.