Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа.

Проверка за прашина на правосмукалката мора да се врши најмалку еднаш годишно од страна на производителот или овластен сервисер (на пр. проверете ги филтрите за оштетување, правосмукалката за протекување и контролните уреди за правилно функционирање).

  • Сметајте ги сите делови кои можеби дошле во контакт со опасни материи како контаминирани.
  • Темелно всисајте, избришете или запечатете ја надворешната страна на правосмукалката пред да ја отстраните од областа со опасни материи.
  • Исчистете ја, демонтирајте ја и одржувајте ја правосмукалката само ако тоа може да се направи без да се загрозите себеси или другите лица. За време на одржувањето и чистењето носете лична заштитна опрема. Извршете ја работата во добро проветрена просторија.
  • Прво исчистете ја надворешната страна на правосмукалката пред да ја демонтирате.
  • Фрлете ги сите делови од правосмукалката што не можат да се исчистат доволно, во непропустливи ќеси. Почитувајте ги важечките прописи за отстранување на таков отпад.
  • Исчистете го просторот за одржување по завршувањето на работата.

Избришете го садот (7) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.

Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат оптимален перформанс на всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во сервисната служба.

Чистење на пред-филтерот

  • Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
  • Извадете го пред-филтерот (22) со помош на рачката (28) од садот (7).
  • Истресете го пред-филтерот(22) над соодветен сад за отпад.
  • Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).

Чистење главниот филтер

  • Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
  • Свртете го држачот на филтер (29) до крај во правецот на вртење  и извадете го држачот за филтер заедно со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот (10).
  • Исчеткајте ги ламелите на главниот филтер (20) со мека четка.
    или
    Заменете го оштетениот главен филтер (20).
  • Ставете го држачот на филтерот (29) заедно со главниот филтер (20) преку корпата за филтер (30) и свртете го држачот на филтерот (29) до крај во правецот на вртење .
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).

Чистење на филтерот за влага

За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:

  • Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
  • Оставете го горниот дел на всисувачот (10) добро да се исуши.
  • Извадете го филтерот за влага (21) од корпата за филтер (30).
  • Измијте го филтерот за влага (21) под млаз вода и потоа добро исушете го.
  • Целосно ставете го филтерот за влага (21) на корпата за филтер (30).
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).