Монтирање на опремата за всисување (види слика A)
Цревото за всисување (15) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (16), свиткана млазница (17)).
Монтирање на млазниците и цевките
- Ставете ја свитканата млазница (17) на цревото за всисување (15), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (27) на цревото за всисување.
- Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување (подна млазница, млазница за фуги, цевка за всисување итн.) на заоблената млазница (17).
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (27) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на адаптерот за всисување
- Ставете го адаптерот за всисување (16) на цревото за всисување (15), додека двете копчиња на притискање (27) не слушнете да се вклопат на цревото за всисување.
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (27) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.