Менување на главата за дупчење

Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)

Демонтирајте ја дополнителната рачка (12) и наместете го прекинувачот за брзина (9) на средната позиција помеѓу 1. и 2. брзина.

Ставете една челична чивија Ø 5 mm со околу 60 mm должина во дупката на грлото од вретеното, за да го блокирате вретеното за дупчење.

Клучот со внатрешна шестаголна глава (19) со краток крак зацврстете го во брзозатегнувачката глава за дупчење (1).

Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (19) во правец ➊. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна глава (19) се олабавува цврсто вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете ја истата.

Монтирање на главата за дупчење (види слика F)

Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.

  • По извршената монтажа на главата за дупчење, повторно извадете ја челичната чивија од дупката.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 30 – 35 Nm.