Ставање во употреба
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) надесно во позиција „I“.
За исклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) налево во позиција „O“.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (10) ја покажуваат наполнетоста на батеријата (11). Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето (9), за да се прикаже наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена батерија (11).
LED светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 3× зелено | ≥66 % |
Трајно светло 2× зелено | ≥33 % |
Трајно светло 1× зелено | <33 % |
Трепкаво светло 1× зелено | Резерва |
Доколку по притискањето на копчето (9) не свети LED-светилката, батеријата е дефектна и мора да се замени.