Всисување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
- Завклучување на всисувачот притиснете го копчето за вклучување-исклучување (4).
- За исклучување на всисувачот, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (4).
Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика E)
- Мора да постои доволен степен на проток на воздух (L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.
Во всисувачот има вградено шуко приклучница (3). Таму може да приклучите надворешен електричен апарат. Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на електричниот алат што се приклучува.
- Монтирајте го адаптерот за всисување (18).
- Вметнете го адаптерот за всисување (18) во млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: при работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за непотребен воздух (26) на адаптерот за всисување (18). Само на тој начин полуавтоматското чистење на филтерот (SFC) може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (26) додека не се појави максимален отвор.
- За ставање во употреба на старт/стоп автоматиката на всисувачот кратко притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4).
- За ставање во употреба на всисувачот приклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (3). Всисувачот автоматски почува со работа.
- Исклучете го електричниот алат, за всисувањето да заврши.
Функцијата за продолжен тек на старт/стоп автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди, за да ја всиса останатата прав од цревото за всисување. - За да го исклучите всисувачот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4).