Складирање и транспорт (види слика I)
- Испразнете го и исчистете го садот (1). За да избегнете создавање мувла, погрижете се набраниот филтер (28) и внатрешниот дел на всисувачот да бидат суви.
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (13).
- Ставете ја опремата во држачите предвидени за тоа: адаптерот за всисување (18) во држачот (12), млазницата за фуги (23) во држачот (15), млазницата за груби нечистотии (22) во држачот (16).
- Вметнете го цревото за всисување (17) на горниот дел за всисување во држачот (14).
- Носете го всисувачот само за рачката за носење (5).
- Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
- За да ги фиксирате тркалцата (9) притиснете ја кочницата на тркалцата (10).