Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

Празнење на исфрлувачот на струготини (види слика g)

За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини можете да го испразните исфрлувачот на струготини (31).

Надворешно всисување (види слика h)

Употребете го испорачаниот адаптер за всисување (32), за да приклучите всисувач за прав на исфрлувачот на струготини (31).

  • Прицврстете го адаптерот за всисување (32) и цревото на всисувачот за прав.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.