Основни поставки
Мерниот уред ги нуди следните основни поставки:
- Менување на мерната единица
- Информации за мерниот уред
- QR-код за онлајн упатство за користење
- Ресетирање на фабричките поставки
- Текстови за лиценца и правни напомени
Менување на мерната единица
Основната поставка е мерната единица „m“ (метар).
- Вклучете го мерниот уред.
- Притиснете и задржете го копчето додека не се прикаже менито за избирање мерни единици.
- Притиснете на копчето , за да ја смените мерната единица.
- За да го потврдите изборот, притиснете го копчето .
- По исклучување на мерниот уред, избраната поставка останува зачувана.
Дополнителни информации
Тука ќе најдете информации за мерниот уред како на пр. сериски број, верзија на софтвер и лиценца, правни информации, како и QR-кодот за онлајн упатството за користење. Може исто така да го ресетирате мерниот уред на фабричките поставки.
- При вклучување на мерниот уред, истовремено притиснете и задржете ги копчињата и додека не се прикажат дополнителни информации.
- Со копчето навигирајте до саканиот запис и потврдете со притискање на копчето .