Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
- Пред секоја употреба, проверете дали затезната чаура (1) и затезната навртка (2) имаат видливо оштетување.
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа отпуштете го.
Со копчето за подесување на бројот на вртежи (6) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се вметнува. Придржувајте се кон максимално дозволениот број на вртежи на алатот за вметнување.
Позиција на копчето за подесување | Број на вртежи во празен од (min–1) |
---|---|
1 | 7000 |
2 | 9500 |
3 | 15000 |
4 | 19000 |
5 | 25000 |
6 | 33000 |
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да се активира заштитата од рестартирање и електричниот алат да не стартува со работа и покрај активираниот прекинувач за вклучување/исклучување (5). Прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.