Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Не застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
- Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
- Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на алатот.
- За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (17) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (17) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Само со притискање на лостот за фиксирање (1) рачката на алатот може да се води надолу.
- За сечење дополнително мора да го притиснете лостот за фиксирање (1) со влечење на прекинувачот за вклучување/исклучување.