Замена на сечилото за пила (види слики B1–B4)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Активирајте ја блокадата на вретеното (3) само доколку вретеното на алатот е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Олабавете ја завртката за прицврстување (26) (околу 2 вртења) со крстест одвртувач (12).
Не ја одвртувајте целосно завртката. - Олабавете ја завртката за прицврстување (27) (околу 6 вртења) со крстест одвртувач (12).
Не ја одвртувајте целосно завртката. - Притиснете на лостот за фиксирање (1) и навалете го осцилаторниот заштитен капак (4) до крај нагоре.
- Потоа повлечете го наназад осцилаторниот заштитен капак (4) заедно со заштитната плоча (21) од завртката за прицврстување (27) додека не се задржи осцилаторниот заштитен капак со болцните-водилки (28) во држачот (22).
- Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (29) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (12) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното (3), додека не се вклопи.
- Држете ја притисната блокадата на вретеното (3) и одвртете ја завртката (29) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Извадете ја стезната прирабница (30).
- Извадете го сечилото за пила (31).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (32).
- При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот поклопец!
- Поставете ги стезната прирабница (30) и завртката (29). Притиснете ја блокадата на вретеното (3) додека не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на стрелките на часовникот.
- Повторно олабавете ја блокадата на вретеното (3). По потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
- Притиснете на лостот за фиксирање (1) и повторно вметнете го осцилаторниот заштитен капак (4) заедно со заштитната плоча (21) под завртката за прицврстување (27).
- Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен капак (4) додека сечилото за пила целосно не се покрие.
- Повторно зацврстете ги завртките за прицврстување (27) и (26).