Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.
- Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°. Лостот (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
- На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (13).
- Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
- Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
- Прицврстете го делот за обработка.
- Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (34).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.
1. Подесување на десниот ласерски зрак:
- Свртете ја завртката за подесување (58) со клучот со внатрешна шестаголна глава (59) додека десниот ласерски зрак не налегне на целокупната должина на означената линија на сечење на делот што се обработува.
Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.
2. Подесување на левиот ласерски зрак:
- Свртете ја левата завртка за подесување (60) со клучот со внатрешна шестаголна глава (59) додека левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание до означената линија на сечење на делот што се обработува како и десниот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.
- Извадете ги четирите завртки (61) од капакот за заштита на ласерот (15) со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на капакот за заштита на ласерот, мора да го навалите осцилаторниот заштитен капак (16) наназад. - Извадете го заштитното капаче на ласерот (15).
- Олабавете ја завртката за прицврстување (62) (околу 1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (59). Не ја одвртувајте целосно завртката.
- Поместете ја монтажната плоча на ласерот налево или надесно, додека ласерските зраци не дојдат паралелно по целата должина на исцртаната линија за сечење на делот за обработка.
- Држете ја монтажната плоча на ласерот во оваа позиција и повторно затегнете ја завртката за прицврстување (62).
- По поставувањето, одново проверете ја прецизноста на линијата на сечење. Доколку е потребно, израмнете ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за подесување (58)/(60).
- Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (15).
- Извадете ги четирите завртки (61) од капакот за заштита на ласерот (15) со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на капакот за заштита на ласерот, мора да го навалите осцилаторниот заштитен капак (16) наназад. - Олабавете ги двете завртки за прицврстување (63) (околу 1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (59).
Не ги одвртувајте целосно завртките. - Поместете го куќиштето на ласерот налево или надесно, додека ласерските зраци, при движење надолу на кракот на алатот, повеќе не отстапуваат странично.
- По поставувањето, одново проверете ја прецизноста на линијата на сечење. Доколку е потребно, израмнете ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за подесување (58)/(60).
- Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и повторно затегнете ги завртките за прицврстување (63).
- Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (15).