Ставање во употреба
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
За исклучување на електричниот алат повторно притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (2) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
1–2 | низок број на осцилации |
3–4 | среден број на осцилации |
5–6 | висок број на осцилации |
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Примена/материјал | Абразиви | Степен на број на вртежи | |
---|---|---|---|
Брусење |
| P60–P100 | 4–6 |
| P60–P100 | 1–3 | |
Меѓубрусење |
| P120–P180 | 4–6 |
| P220–P280 | 1–3 | |
Фино брусење |
| P150–P180 | 4–6 |
| P240–P320 | 1–3 |