Совети при работењето

Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди длабочината на дупчење X.

  • Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (11) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (12).
    Избраздениот дел на граничникот за длабочина (13) мора да покажува надолу.
  • Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS plus (3). Инаку, доколку SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
  • Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

  • Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
  • Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.

  • Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.