Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Со прекинувач за запирање на вртењето (3) изберете го начинот на работа на електричниот алат.
- За промена на режимот на работа свртете го прекинувачот за запирање на вртежи (3) во саканата позиција.
Позиција за ударно дупчење
Доколку алатот за вметнување веднаш не се врти, полека движете го електричниот алат, додека не почне и алатот за вметнување да се врти.
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото
Позиција за Длетување
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Електричниот алат автоматски се исклучува ако го промените режимот на работа за време на работата.
- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.
- За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5).
- За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (6) притиснете на копчето за фиксирање (5) па отпуштете го.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Бројот на вртежи може да го регулирате преку корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на паметниот телефон.
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (3) во позиција „Vario-Lock“.
- Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
- Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (3) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува, а приказот за брзо исклучување (12) свети во црвено и приказот за статус (15) трепка во црвено.
- За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и одново притиснете го.