Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики E1–E4)
Ставете ја кутијата за прав (1) на млазниците за издувување (15), додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав (1) извлечете ја надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав (1) тропнете со неа на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (1) за вградената рачка, преклопете го филтерот (16) нагоре и испразнете ја кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (16) со мека четка.
Надворешно всисување
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.