Отстранување дефекти

Проблем

Помош

Турбината за всисување не работи.

Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот, приклучницата и сензорите за наполнетост (43).

Главниот прекинувач (2) е на „Старт/Стоп автоматика“.

Главниот прекинувач (2) поставете го на ознаката „Всисување“ одн. вклучете приклучениот електричен алат на приклучницата (4).

Турбината за всисување се исклучува.

При влажно всисување трепкаат LED приказите A и M бавно и истовремено.

Испразнете го садот (1).

При суво всисување трепкаат LED приказите A и M брзо и истовремено: активирана е заштитата од преоптоварување на приклучницата на всисувачот.

Исклучете го електричниот алат.

Всисувачот се исклучува.

Преоптоварување на всисувачот поради надминување на максималниот напон на приклучницата на всисувачот: Се активира осигурувачот за заштита на моторот.

Однесете го всисувачот во овластена сервисна служба на Bosch.

Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот.

Исклучете го всисувачот и почекајте 5 s, по 5 s повторно вклучете го.

Сензорите за нивото на наполнетост (43) како и нивниот меѓу-простор (43) исчистете ги со четка.

Се губи силата на всисување.

Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, всисната цевка, всисното црево (30) или рамниот набран филтер (34).

Заменете ја платнената филтер вреќичка (33).

Правилно поставете го поклопецот за филтерот (40).

Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (16) и затворете ги затворачите (19).

Чистење/замена на рамниот набран филтер (34).

Излегува прав при всисувањето

Проверете дали рамниот набран филтер (34) е правилно монтиран.

Чистење/замена на рамниот набран филтер (34).

Автоматиката на исклучување (всисување на влажни материи) не реагира.

Сензорите за нивото на наполнетост (43) како и нивниот меѓу-простор (43) исчистете ги со крпа.

Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.

Се слуша звучен сигнал за предупредување.

Капацитетот на всисување е поставен на најслабо.

Регулаторот на капацитет на всисување (11) поставете го на повисока вредност.

Поставен е погрешен дијаметар на црево.

Поставете го точниот дијаметар на цревото за всисување.

Цревото за всисување (30) е затнато или свиткано.

Отстранете ја блокадата или одвиткајте го.

Платнената филтер вреќичка е полна

Заменете ја платнената филтер вреќичка (33).

Набраниот филтер (34) е извалкан.

Исчистете го или ев. заменете го набраниот филтер.

нема доволен проток на воздух на приклучениот електричен алат

Доколку е достапно: отворете го издувниот отвор на електричниот алат или употребете соодветен адаптер за всисување со издувен отвор.

Нарушена функција на контролната електроника

Контактирајте со овластената сервисна служба на Bosch.

Се слуша звучен сигнал за предупредување при влажно всисување.

Не треба да се преземаат мерки.

Автоматското чистење на филтерот не работи.

Автоматското чистење на филтерот се активира само кога протокот на воздух паѓа под одредено ниво. За да ја проверите функцијата или рачно чистење на филтерот, префрлете се во рачен режим со притискање на копчето за рачно чистење на филтерот (9).

Рачното чистење на филтерот не може да се активира.

Активирана е заштитата од прегревање на всисувачот.

10-кратното непрекинато притискање на копчето за рачно чистење на филтерот (9) ја активираше заштитата од прегревање. Заштитата од прегревање автоматски се деактивира по 20 s.

30-кратното непрекинато притискање на копчето за рачно чистење на филтерот (9) ја активираше заштитата од прегревање. Заштитата од прегревање автоматски се деактивира по 4 min.

Ако проблемот продолжи, контактирајте со овластена сервисна служба на Bosch.

Автоматското чистење на филтерот не се активира.

Контактирајте со овластената сервисна служба на Bosch.