Процес на мерење
По првото вклучување, мерниот уред е во функција на должинско мерење. По секое понатамошно вклучување, мерниот уред е во последната користена мерна функција.
Референтно ниво за мерење е секогаш задниот раб на мерниот уред.
- Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
- Кратко притиснете го копчето за да го вклучите ласерскиот зрак.
- Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина.
- Повторно кратко притиснете го копчето за да го започнете мерењето.
Времетраењето на мерењето зависи од растојанието, светлосните услови и рефлектирачките својства на целната површина. По завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
- Мерниот уред за време на мерењето не смее да се поместува. Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста гранична или потпорна површина.
- Приемната леќа (10) и излезот на ласерскиот зрак (11) не смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина.
За подобра видливост на ласерскиот зрак при силно амбиентално светло, користете ги ласерските очила (13) (опрема) и ласерска целна табла (12) (опрема), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
- транспарентни површини (на пр. стакло, вода),
- површини што рефлектираат (на пр. исполиран метал, стакло),
- порозни површини (на пр. изолациски материјали),
- структурирани површини (на пр. груб малтер, природен камен).
Евентуално користете ја ласерската целна плоча (12) (опрема) на овие површини.
Можни се погрешни мерења и на косо насочените целни површини.
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии.