Работење со ротациониот држач RM 1 (види слики A–B)
Со помош на ротациониот држач (13) можете да го свртите мерниот уред 360°. Со тоа точно се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (17) на шината водилка (14) на ротациониот држач (13) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
- во исправена положба на рамна површина,
- прицврстен на вертикална површина,
- поврзана со таванска стега (18) на метални тавански лајсни,
- со помош на магнет (16) на метални површини.
- Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.