Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:
- режим на вкрстени линии (види слика C): создава хоризонтална и вертикална ласерска линија,
- хоризонтален режим (види слика D): создава хоризонтална ласерска линија,
- вертикален режим (види слика E): создава вертикална ласерска линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии. Со копчињата за хоризонтален режим (6) и за вертикален режим (5) независно можете да ја вклучите и исклучите хоризонталната и вертикалната ласерска линија.
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада.