Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на држачот (13) или на стативот (23).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „ On“.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.
Работа со осцилаторна блокада
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „ On“. Приказот осцилаторна блокада (8) свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.