Монтирање на брусни алати
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (22) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (3), за да го зацврстите вретеното за брусење.
- Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Брусна плоча/диск за сечење со дијаметар 125 mm
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.
За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за сечење без други алати со брзозатезната навртка (20).
Користете ја брзозатезната навртка (20) само со брусната плоча/дискот за сечење до максимален дијаметар од 125 mm.
- Брзозатезната навртка (20)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
- Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (20).
- При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (20) да не покажува кон брусната плоча.
- За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење користете ја исклучиво испорачаната брзозатезна навртка (20).
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (3), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка (20), отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не е доволно затегнување на работ на дискот.
Прописно прицврстената и неоштетена брзозатезна навртка (20) можете да ја олабавите со рака. За тоа отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со алат, туку употребете клуч со два отвори.
По монтажата на приклучната прирабница и на брусната плоча/дискот за сечење слободната должина на навојот на брусното вретено треба да изнесува најмалку 4 mm.
Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење, така што нема да се одврти од вретеното на крајот од електричниот алат.
Приклучна прирабница за вретено за брусење M 14:
Во приклучната прирабница (13) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (13) мора да се замени пред понатамошна употреба.
- По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.
Брусна плоча/диск за сечење со дијаметар 100 mm
Брзозатезната навртка со држач (20) не се препорачува за брусна плоча/диск за сечење со дијаметар 100 mm.
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.
За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (19) и затегнете ја со клуч со два отвора.