Дефект – Причини и помош

Причина

Помош

Не е можно мерење, двата прикази за средина на предмет (1) трепкаат наизменично и …

… приказот за метален предмет (5) и приказот за струјни кабли (4) не светат.

Мерењето е под влијание на електрични, магнетни или електромагнетни полиња (на пр. мобилни телефони, лаптопи или таблети во близина на мерниот уред).

Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите.

… приказот за метален предмет (5) трепка.

Мерниот уред е надвор од работната температура или бил изложен на силни температурни флуктуации.

Исклучете го мерниот уред и оставете го да се темперира, пред повторно да го вклучите. Точни мерења се можни само ако температурата во внатрешноста на мерниот уред остане константна.

… приказот за метален предмет (5) и приказот за струјни кабли (4) трепкаат.

Мерниот уред има дефект и повеќе не е функционален.

Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.

Светлечкиот прстен (2) свети постојано во црвено и приказот за метален предмет (5) свети постојано, иако нема метален предмет во близина на мерниот уред.

Фабричката калибрација повеќе не е валидна (на пр. поради пад од голема височина).

Рачно калибрирајте го уредот  види Повторно калибрирајте го мерниот уред.

Светлечкиот прстен (2) не свети при поставување на подлогата.

Подлогата не може да се детектира, бидејќи опсегот на сензорот (11) е валкан.

Исчистете го мерниот уред со сува, мека крпа и одново стартувајте го мерењето.

Ѕидниот контакт или подлогата не може да се детектираат поради посебни карактеристики на ѕидот (на пр. многу темна површина).

Поставете го мерниот уред на подлогата. За рачно детектирање на ѕид, притиснете го копчето за сигнален тон (6) (околу 5 s), додека не светне светлечкиот прстен (2) и не се слушне сигнален тон. Потоа измерете како и обично.
Напомена: Пред следното мерење на друга површина, мора да го ресетирате рачното детектирање на ѕид. За да го направите ова, исклучете го и повторно вклучете го мерниот уред.