Менување на главата за дупчење
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
За да ја демонтирате брзозатегнувачката глава за дупчење (1) прицврстете еден клуч со внатрешна шестаголна глава (17) во брзозатегнувачка глава за дупчење (1) и ставете вилушкаст клуч (18) (ширина на клучот 14 mm) на површината на клучот на погонското вретено.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Држете го цврсто вилушкастиот клуч (18) и олабавете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (17) во правец ➊. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна глава (17) се олабавува цврсто вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете ја истата.
Демонтажата на запчестата глава за дупчење (14) се врши на истиот начин како што е опишана демонтажата на брзозатегнувачката глава за дупчење.
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од 30 – 35 Nm. |