Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ако свети приказот за одржување (12) на корисничкиот интерфејс, електричниот алат мора да се испрати до сервисната служба за одржување. За адреси, видете го делот „Сервисна служба и совети за примена“.