Монтирање на опремата за всисување (види слика A)
Цревото за всисување (17) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (18), свиткана млазница (19)).
Монтирање на млазниците и цевките
- Ставете ја свитканата млазница (19) на цревото за всисување (17), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (24) на цревото за всисување.
- Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување (млазница за груби нечистотии, млазница за фуги, цевка за всисување итн.) на заоблената млазница (19).
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (24) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на адаптерот за всисување
- Ставете го адаптерот за всисување (18) на цревото за всисување (17), додека двете копчиња на притискање (24) не слушнете да се вклопат на цревото за всисување.
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (24) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.