Замена на сечилото за пила (види слики k1−k4)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Постои опасност од повреда.
- Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
- Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
- Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете прегревање на запците на сечилото и топење на материјалот што се обработува.
- Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
- Свртете ја курблата (18) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото на пила (26) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над масата за сечење.
- Отворете го затезниот лост (37) и извадете го заштитниот поклопец (6) од жлебот на клинот за разделување (7).
- Со одвртувач подигнете го додатокот за маса (25) од напред и извадете го од отворот на алатот.
- Завртете ја затезната навртка (46) со прстенестиот клуч (22) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното (47) додека не се вклопи.
- Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и завртете ја затегнувачката навртка во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Извадете ја стезната прирабница (48).
- Извадете го сечилото за пила (26).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Ставете ново сечило за пила на приклучната прирабница (50) на вретеното на алатот (49).
Напомена: Не користете премали сечила за пила. Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
- При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување!
- Поставете ги стезната прирабница (48) и затезната навртка (46).
- Завртете ја затезната навртка (46) со прстенестиот клуч (22) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното (47) додека не се вклопи.
- Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на стрелките на часовникот.
- Повторно ставете го додатокот за маса (25).
- Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (6).