Дополнителна рачка (види слика A)
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (12).
- Пред да извршите било што, проверете дали е зацврстена пеперутка-завртката. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
Завртете ја пеперутка-завртката (11) во правец спротивен од стрелките на часовникот и вметнете ја дополнителната дршка (12) во саканата позиција врз главата за дупчење на грлото на вретеното на електричниот алат.
Дополнителната рачка (12) може да ја подесите во 12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Завртете ја пеперутка-завртката за подесување на дополнителната дршка (11) во правец спротивен на стрелките на часовникот и свртете ја дополнителната дршка (12) во саканата позиција. Потоа зацврстете ја пеперутка-завртката (11) во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење
(види слика A)
Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (10) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (12).
Извлечете го граничникот за длабочина (13) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (13) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (13) мора да покажува нагоре.