Фиксна или флексибилна монтажа

Монтажа на работна површина (види слика A1A2)

или

Монтажа на работна маса на Bosch

GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.

  • Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
  • Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.
  • Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.