Подесување на хоризонталниот агол на закосување

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.

Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика H)

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (45):

лево

десно

45°; 30°; 22,5°; 15°

15°; 22,5°; 30°; 45°

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е затегнато.
  • Повлечете го лостот (12) и свртете ја масата за пила (10) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
  • Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).

Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика H)

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 52° (на десната страна).

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е затегнато.
  • Притиснете на лостот (12), свртете ја масата за пила (10) со копчето за фиксирање кон лево или десно и со помош на агломерот (13) наместете го посакуваниот хоризонтален агол на закосување.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).