Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција „ON“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (4).

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

Доколку температурата на мерниот уред со приближува до највисоката дозволена оперативна температура, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Ако се надмине максималната дозволена работна температура, ласерските линии трепкаат брзо едноподруго, по што мерниот уред се исклучува. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.

Мерниот уред е заштитен од екстремно електростатско празнење (ESD). Ако мерниот уред се наполни електростатски (на пр. со допирање во средина со ниско ниво на влажност), тој автоматски се исклучува. Во овој случај, исклучете го и повторно вклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

Деактивирање на автоматиката за исклучување

Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.

За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското исклучување, можете или најпрво да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција „OFF“ и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или да притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (3).

За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато копчето за режим на работа (3) (при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.

За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.