Работа со литиум-јонска акумулаторска батерија 12 V (опрема)
Батеријата од 12 V е вметната во адаптерот за батерии (21).
- Адаптерот за акумулаторски батерии е наменет исклучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични алати. Во адаптерот за акумулаторски батерии може да се користат само Bosch литиум-јонски батерии од 12 V.
За вметнување на адаптерот за батерии вметнете го адаптерот за батерии (21) во отворот за батерии (22), се додека не слушнете да се вклопи.
За вметнување на батерии вметнете ја наполнетата батерија од 12 V (5) во адаптерот за батерии (21), сѐ додека не слушнете да се вклопи.
За вадењето на акумулаторските батериите (5) притиснете на копчињата за отклучување (6) и извлечете ја од адаптерот за батерии (21). Притоа не употребувајте сила.
За вадењето на адаптерот за акумулаторски батерии (21) притиснете на копчето за отклучување (20) во адаптерот и извлечете го адаптерот за батерии од отворот за батерии (22).