Дополнителна дршка (види слика A)

Дополнителната рачка (9) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.

Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во правец спротивен на стрелките на часовникот и поставете го граничникот за длабочина (10).

Извлечете го граничникот за длабочина (10) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (10) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во правец на стрелките од часовникот.

Избраздениот дел на граничникот за длабочина (10) мора да покажува нагоре.