Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во испорачаниот куфер.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Бидете внимателни при ракување со леќите. Прашината чистете ја само со мека четка. Не допирајте ги леќите со прст.
Оставете го мерниот уред и куферот целосно да се исушат пред да ги складирате. Во куферот има десикант кој ја собира преостанатата влага. Редовно менувајте ја ќесичката со десикант.
Во случај ако треба да се поправи, пратете го мерниот уред во куфер.