Начини на работа

Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.

Со рачката за подесување (7) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.

Ниво 0

нема осцилации

Ниво I

мали осцилации

Ниво II

средни осцилации

Ниво III

големи осцилации

Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:

  • Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб.
  • При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
  • Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
  • Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.

Основната плоча (5) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.

Заштитниот капак (16), млазниците за всисување (17) и заштитата од кинење (15) не можат да се вметнат при сечење со закосување.

  • Лесно притиснете ги нагоре млазниците за всисување (17) и извадете ја од основната плоча (5).
  • Извадете ги заштитниот капак (16) и заштитата од кинење (15).
  • Олабавете ја завртката (19) со внатрешен шестаголен клуч (4) и вметнете ја лесно основната плоча до крај (5) во правец на струјниот кабел.
  • За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има повеќе точки за вклопување. Навалете ја основната плоча (5) согласно скалата (20) во саканата позиција. Другите агли на косо сечење може да се подесат со помош на агломер.
  • Потоа притиснете ја основната плоча (5) до крај во правец на сечилото за пила (10).
  • Повторно затегнете ја завртката (19).

За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја поместите основната плоча (5).

Олабавете ја завртката (19) и вметнете ја основната плоча (5) до крај во правец на струјниот кабел.

Повторно затегнете го шрафот (19).

Сечењето со поместена основна плоча (5) е можно само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се користат и паралелниот граничник со кружен секач (23) и заштитата од кинење (15).

Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.

Вклучете го уредот за оддувување на струготините кога работите со големо количество на отстранет материјал од дрво, пластика и др. Вметнете го прекинувачот (6) во позиција „I“.

Исклучете го уредот за оддувување на струготините при работење со метали како и системот за всисување прав. Вметнете го прекинувачот (6) во позиција „0“.