Замена на сечилото за пила (види слики B1B4)

Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.

Вадење на сечилото за пила

Монтирање на сечилото за пила

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (32).
  • Поставете ги стезната прирабница (30) и завртката (29). Притиснете ја блокадата на вретеното (3) додека не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на стрелките на часовникот.
  • Повторно олабавете ја блокадата на вретеното (3). По потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
  • Притиснете на лостот за фиксирање (1) и повторно вметнете го осцилаторниот заштитен капак (4) заедно со заштитната плоча (21) под завртката за прицврстување (27).
  • Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен капак (4) додека сечилото за пила целосно не се покрие.
  • Повторно зацврстете ги завртките за прицврстување (27) и (26).