Употреба со соодветна намена
Оваа термална камера е наменета за бесконтактно мерење на површински температури.
Прикажаната термална слика ја прикажува распределбата на температурата на видливото поле на термалната камера и со тоа овозможува температурните отстапувања да бидат прикажани во различни бои.
На тој начин, со прописна употреба, може да се пребаруваат температурни разлики одн. абнормалности на површини и објекти, за да се направат видливи компоненти и/или слаби точки, м.д.:
- топлинска и обична изолација (на пр. наоѓање на топлински мостови),
- активни цевки за греење и топла вода (на пр. подно греење) во подови и ѕидови,
- прегреани електрични компоненти (на пр. осигурувачи или терминали),
- дефектни или оштетени машински делови (на пр. прегревање поради неисправни топчести лежишта).
Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на гасови.
Мерниот уред не смее да се користи за човечки медицински цели.
Информирајте се во однос на ветеринарна употреба на www.bosch-professional.com/thermal.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.