Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 22,5° и 45° и 47°.
- Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива гранична водилка (6).
- Олабавете го затегнувачкиот лост (14).
- Навалете ја лизгачката рачка (34) на дршката (1) налево додека агломерот (37) не го покаже саканиот вертикален агол на закосување.
- Држете ја лизгачката рачка (34) во оваа позиција и повторно затегнете го затегнувачкиот лост (14).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при било кој вертикален агол на закосување.
- Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (6) целосно нанадвор.
- Олабавете го затегнувачкиот лост (14).
- Навалете ја лизгачката рачка (34) на дршката (1) од 0°-позиција малку налево и вртете го вртливото копче (43), додека не се прикаже саканиот вертикален опсег на аголот на закосување.
- Навалете ја лизгачката рачка (34) на дршката (1) надесно додека агломерот (21) не го покаже саканиот агол на закосување.
- Држете ја лизгачката рачка (34) во оваа позиција и повторно затегнете го затегнувачкиот лост (14).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при било кој вертикален агол на закосување.
- Повлечете ги двете подесливи гранични водилки (6) сосема нагоре.
- Олабавете го затегнувачкиот лост (14).
- Навалете ја лизгачката рачка (34) на дршката (1) од 0°-позиција малку налево и вртете го вртливото копче (43), додека не се прикаже саканиот вертикален опсег на аголот на закосување.
- Навалете ја лизгачката рачка (34) со дршката (1) кон лево или десно, се додека агломерот (37) или (21) не го покажува посакуваниот вертикален агол на закосување.