Употреба
- Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика “.
- Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
- По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
- Електричниот алат не го користете со држач за сечење.
- Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички, инсталираната електроника го исклучува електричниот алат. За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво притиснете ја нанапред рачката за ослободување (7) и потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/исклучување (6).