Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, притиснете Прекинувач за вклучување/исклучување (2) нанапред.
За исклучување на електричниот алат, притиснете го Прекинувач за вклучување/исклучување (2) наназад.
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (1) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
1–2 | низок број на осцилации |
3–4 | среден број на осцилации |
5–6 | висок број на осцилации |
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
На располагање Ви стојат два режими за работа со различен капацитет на отстранување на материјал. За грубо брусење ставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (14) нанапред, а за фино брусење ставете го прекинувачот (14) наназад додека не слушнете да се вклопи.
- Не го менувајте режимот на работа за време на брусењето! Постои опасност од повреда.
Режим на работа за грубо брусење (принудно зафаќање)
Овој режим на работа со висок капацитет на отстранување при брусењето се препорачува за обработка на многу груби, нечувствителни површини како и за брусење со полирање. Со принудното зафаќање на брусниот диск се постигнува константно ексцентрично и ротационо движење.
Режим на работа за фино брусење (слободен од)
Овој режим на работа се препорачува за третирање на чувствителни површини, како и за фино полирање. Со слободниот од на брусниот диск се постигнува ротационо движење зависно од притисокот при константно ексцентрично движење. Со промена на притисокот може дополнително да се подеси капацитетот на отстранување.