Ставање во употреба

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) надесно во позиција „I“.

За исклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) налево во позиција „O“.

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (2) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

1–2

низок број на осцилации

3–4

среден број на осцилации

5–6

висок број на осцилации

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот на осцилации при празен од, така што при ставањето на електричниот апарат на делот што се обработува, се спречува создавањето на гребнатини.

Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.