Полнење на батеријата
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
- По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата (11) притиснете на копчињата за отворање (12) и извлечете ја батеријата странично од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.