Ставање во употреба

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) надесно во позиција „I“.

За исклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) налево во позиција „O“.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (10) ја покажуваат наполнетоста на батеријата (11). Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето (9), за да се прикаже наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена батерија (11).

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 3× зелено

≥66 %

Трајно светло 2× зелено

≥33 %

Трајно светло 1× зелено

<33 %

Трепкаво светло 1× зелено

Резерва

Доколку по притискањето на копчето (9) не свети LED-светилката, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или пречекорување на дозволената температура на батеријата електрониката го исклучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.