Снабдување со енергија на мерниот уред

Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.

  • Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

За вметнување на наполнета батерија (15) вметнете ја во отворот за батерии (10), се додека не слушнете да се вклопи.

За вадење на батеријата (15) притиснете на копчињата за отклучување (13) и извлечете ја од отворот (10). Притоа не употребувајте сила.

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.

  • Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.

За вметнување на батериите ставете ја обвивката (11) на батерискиот адаптер во отворот за батерии (10). Ставете ги батериите според сликата на капачето за затворање (14) во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се слушнете да се вклопи.

За вадење на батериите (12) притиснете на копчињата за отклучување (13) на капачето за затворање (14) и повлечете го. Притоа внимавајте да не испаднат батериите. Држете го мерниот уред со отворот за батерии (10) насочен нагоре. Извадете ги батериите. За да ја извадите обвивката (11) од внатрешноста од отворот за батерии, фатете ја и извлечете ја со лесно притискање на страничниот ѕид од мерниот уред.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

  • Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.

Приказот на состојбата на наполнетост (2) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на акумулаторот одн. батериите:

LED-светилки

Состојба на наполнетост

Трајно зелено светло

100–75 %

Трајно жолто светло

75–35 %

Трајно црвено светло

35–10 %

Нема светло

  • Дефектна батерија
  • Празни батерии

Ако акумулаторот одн. батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Веднаш заменете го неисправниот акумулатор или празните батерии.

Мерниот уред е опремен со копчеста батерија (21), за да може да се зачуваат датумот и времето за функцијата CAL guard дури и без вметната акумулаторска батерија или батерии.

За да ја замените копчестата батерија, извадете ја батеријата или целосно батерискиот адаптер.

Извлечете ги држачот за копчестата батерија (22) од отворот за копчеста батерија (23). Извадете ја празната копчеста батерија (21) и вметнете нова. Внимавајте на правилниот пол согласно приказот на држачот за копчеста батерија (позитивниот пол на копчестата батерија мора да покажува нагоре).

Вметнете го држачот за копчеста батерија (22) со вметната копчеста батерија во отворот (23). Внимавајте на тоа, држачот за копчеста батерија да е правилно и целосно вметнат, бидејќи во спротивно нема да може да се обезбеди заштита од прав и испрскана вода.

При првата употреба отстранете ја заштитната фолија на копчестата батерија (21). За таа цел, постапете на ист начин како кога ја менувате копчестата батерија.