Совети при работењето
- За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Целната табла за ласерот (28) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (28) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (20) на навојот на стативот (31) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (19). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
Со помош на универзалниот држач (25) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.
- Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (25), пред да го вклучите мерниот уред.
При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наоѓање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (29). При работење со ласерски приемник вклучете го режимот на приемник види Режим на приемник.
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.