Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 45° (на левата страна) до 0° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0° и 45°.
Поставување на саканиот вертикален агол на закосување (види слика J)
- Целосно извлечете ја граничната водилка (23) нанадвор.
- Олабавете ја затегнувачката рачка (33).
- Рачката на алатот навалете ја на дршката (4), додека агломерот (25) не го прикаже саканиот агол на закосување.
- Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете ја затегнувачката рачка (33).