Функција на зачувување
Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ќе се зачува. Се зачувуваат последните 50 вредности. Доколку меморијата е полна, најстарата вредност ќе се презапише. Најстарата вредност се наоѓа на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 50 (од 50 расположливи мемориски вредности).
GLM 150-27 C: Кога камерата е вклучена, фотографијата автоматски се зачувува заедно со мерниот резултат.
Следниве информации се отпечатени на фотографијата:
- Мерен резултат
- поединечни мерења (потребни за одредување на мерните резултати)
- употребена мерна функција
- Референца
- датум и време
- Агол на косина (само при вклучена либела)
Ако фотографијата треба да се користи за документација и да се пренесе преку Micro-USB-кабел, препорачуваме да не го активирате зумирањето. Ако мерниот уред е поврзан со краен уред преку Micro-USB-кабел, дополнително се креира и csv-датотека со сите зачувани мерни вредности.
- Притиснете го копчето , за да ја отворите функцијата на зачувување.
- Прикажана е последната вредност.
- Притиснете го копчето одн. копчето , за да прелистувате низ зачуваните вредности.
Горе на екранот ќе се прикаже бројот на зачуваната вредност и лево симболот на соодветната мерна функција. Доколку во меморијата нема вредност, долу на екранот ќе се прикаже „0.000“, а горе „0“.
Бришење на мемориски вредности
- За да ја избришете прикажаната вредност, притиснете го копчето .
- Потврдете со копчето .
За да ги избришете сите зачувани вредности, во менито Основни поставки изберете ја точката на менито Бришење на меморија (GLM 150-27 C) види Бришење или истовремено притиснете го копчето и копчето .